(ВИДЕО) Земјотресот во Турција преполови село

February 15, 2023
1 min read

Турските медиуми јавуваат дека селото во округот Доганшехир во Малатија е буквално пресечено на два дела. Јужниот дел од селото, велат, се спуштил за два метра, додека куќите на север останале недопрени. Медиумите јавуваат дека пукнатината е долга 16 километри

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе продолжи со спасувачките напори и брзата реконструкција на уништените згради повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ја погоди неговата земја и соседна Сирија.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41 000, а преживеаните кои останаа без домови се справуваат со зимските температури.

„Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатите згради“,

рече Ердоган доцна во вторникот, по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Проценката на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една недела, а реконструкцијата ќе започне за неколку месеци, тврди турскиот претседател.

„Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици“,

додаде тој.

Повеќе од 105 000 луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13 000 се уште се во болница, рече Ердоган.

Турските медиуми јавуваат дека селото во округот Доганшехир во Малатија е буквално пресечено на два дела. Јужниот дел од селото, велат, се спуштил за два метра, додека куќите на север останале недопрени. Медиумите јавуваат дека пукнатината е долга 16 километри.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полициска акција низ Скопје: Уапсени шест лица, пронајдена дрога

Следно

„Луфтханза“ има проблем со компјутерските системи, откажани многу летови

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop