Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
1 min read

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина.

Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на полицијата, животот го загубиле десет штитеници на Домот.

„Во Универзитетскиот клинички центар Тузла медицински се згрижени околу 20 лица, односно пожарникари, полицајци, медицински работници, како и вработени и штитеници од Домот за пензионери. Телата на настраданите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар заради идентификација и обдукција“, соопшти Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон.

На самото место е увидна екипа, а увидот ќе биде извршен кога ќе се создадат услови за тоа, со цел да се утврдат причините за пожарот и сите други факти важни за истрагата.

Од Домот за пензионери во Тузла информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:45 часот, а со брза интервенција го ставиле под контрола и го изгаснале припадниците на Професионалната противпожарна единица Тузла.

Во гаснењето на пожарот учествувале и Професионалната противпожарна единица од Сребреник, како и доброволните противпожарни друштва Горна Тузла и Тузла, со поддршка од Управата на полицијата.

„На корисниците од загрозените катови припадниците на Службата за итна медицинска помош од Домот за здравје Тузла им укажаа медицинска помош, по што беа згрижени на пониските катови од установата. Медицинска помош на загрозените им даде и медицински персонал од домовите за здравје од Лукавац, Сребреник и Калесија“, истакнаа од Домот за пензионери.

Надлежните органи ги преземаат сите неопходни активности за расветлување на околностите што доведоа до овој трагичен настан, заклучија од Домот. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Луис Енрике критикува: Не игравме добро, Баерн беше подобар (ВИДЕО)

Следно

АНЃЕЛКОСКИ: 34 години не сме мрднале. Како да не…

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14.
Go toTop