(ВИДЕО) Судири на демонстрантите и полицијата на протестот во Лима

January 20, 2023
2 mins read

Помали судири избувнале синоќа околу 23 часот по средноевропско време, на улицата Абанкај во центарот на градот, во кои демонстрантите фрлале камења, а полицијата возвратила со солзавец

ФОТО: EPA-EFE/STR

Илјадници демонстранти во Лима протестираат и бараат оставка од перуанската претседателка Дина Болуарте, додека властите распоредија речиси 12 000 полицајци во градот.

Вчера, беше објавена веста за смртта на уште еден демонстрант кој беше повреден во судир со полицијата на југот еден ден претходно, со што бројот на жртвите од почетокот на кризата на 7 декември се искачи на 44, вклучувајќи 43 демонстранти и еден полицаец.

„Тука сме да се бориме за праведна кауза. Сакаме распуштање на парламентот. Нè замолчуваат, не нарекуваат вандали и терористи. Тука сме да ги бараме нашите права“,

вели Ајда Арони.

Групи демонстранти веќе се приклучија на протестната поворка под будното око на интервентната полиција.

„Полицијата е во состојба на готовност. Имаме 11 800 луѓе на улиците за да го надгледуваат протестот. Имаме повеќе од 120 полицајци и 49 воени возила, а на полицијата и помага армијата“,

изјави генералот Виктор Занабрија, началник на полицијата во Лима.

Помали судири избувнале синоќа околу 23 часот по средноевропско време, на улицата Абанкај во центарот на градот, во кои демонстрантите фрлаа камења, а полицијата возврати со солзавец.

Демонстрантите кои бараат нови избори во Перу сакаат да ја „окупираат Лима“, а некои статуи и споменици од оштетување се заштитени со церада.

Илјадници луѓе вчера маршираа околу плоштадот Сан Мартин во Лима, многумина држејќи транспаренти од нивното место на потекло. Имало скандирања „Дина, убиец, народот те отфрла“ меѓу транспарентите на кои се гледа првата жена претседател на Перу облеана во крв.

Засега е невозможно да се каже колку луѓе пристигнале во Лима и покрај податоците кои ги презентираа двете страни.

Во телевизиското обраќање доцна во ноќта, претседателката Болуарте рече дека полицијата ги ставила протестите под контрола и дека одговорните за насилство и вандализам нема да останат „неказнети“, додавајќи дека „ова не е мирен марш“. Таа рече дека „владата е цврста и нејзиниот кабинет е пообединет од кога било“.

Неколку аеродроми се затворени, а огромни делови од земјата се парализирани поради повеќе од 120 блокади на патиштата.

Болуарте, која минатата недела рече дека нема да поднесе оставка, вчера се сретна со претставник на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права. Минатата недела, агенцијата на ОН соопшти дека е „многу загрижена поради зголеменото насилство“ во Перу.

Амбасадорите на САД и на Обединетото кралство во Перу го поздравија состанокот и лиферуваа изјави повикувајќи на смиреност и побараа од владата да инсистира на дијалог.

Во неделата, владата прогласи 30-дневна вонредна состојба во Лима, Куско, Алао и Пуно, регионот каде што се наоѓа Макусани, што и овозможува на армијата да го одржува редот, но и ја ограничува слободата на собирање и движење.

Немирите во Перу избувнаа по отповикувањето и апсењето на левичарскиот претседател Педро Кастиљо на 7 декември под обвинение за обид за државен удар кога тој најави распуштање на парламентот кој се обиде да го отповика.

Кризата е исто така одраз на огромниот јаз меѓу главниот град и сиромашната внатрешност што го поддржува претседателот Кастиљо, кој има автохтоно потекло.

Претседателката Болуарте во понеделникот повика на мир.

„Знаеме дека сакаат да ја окупираат Лима според напишаното на социјалните мрежи. Нека ја окупираат, да, но со ред и мир“,

рече Болуарте.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Роналдо сподели фотографија со Меси: Убаво е да се видат некои стари пријатели (ФОТО)

Следно

СЗО: Коронавирусот беснее во Кина, пријавени најголем број хоспитализации од појавата на пандемијата

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop