СЗО: Коронавирусот беснее во Кина, пријавени најголем број хоспитализации од појавата на пандемијата

January 20, 2023
1 min read

Кина пријави големо зголемување на хоспитализации поради Ковид-19 на 15 јануари, што е најголем број од почетокот на пандемијата, се вели во неделниот извештај објавен од Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО, исто така, посочи дека чека детални провинциски податоци за речиси 60.000 дополнителни болнички смртни случаи поврзани со Ковид-19 минатата недела, кои не се вклучени во бројката, објави Ројтерс.

Бројот на лица хоспитализирани во Кина се зголеми за 70 отсто на 63.307 во однос на претходната недела, според извештајот на СЗО заснован на податоците обезбедени од Пекинг.

Ова е најголем број хоспитализации за една недела што Кина го пријави откако Ковид-19 првпат се појави пред повеќе од три години.

На почетокот на декември, Пекинг го укина својот строг тригодишен антивирусен режим на чести тестирања, забрани за патување и масовни затвори по големите протести што избија кон крајот на ноември, а случаите оттогаш се зголемија низ целата земја, соопшти агенцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Судири на демонстрантите и полицијата на протестот во Лима

Следно

Најновата велешка црква „Св Јован Крстител“ за првпат го прославува својот патрон

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop