(ВИДЕО) По земјотресите, пожар покрај гасоводи во Турција

1 min read

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез утринава изјави дека има сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура на земјата, вклучително и на гасоводи во близина на епицентарот, но не ги спомна конкретно експлозиите, пренесува Би-би-си

Видеоснимки на кои се гледа како горат гасоводи во јужна Турција се објавуваат на социјалните мрежи.

Би-би-си пренесува дека се појавија видеоснимки на кои се гледа како избувнуваат големи пожари во јужна Турција, а луѓето тврдат дека земјотресот предизвикал пукање на гасовод.

Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез утринава изјави дека има сериозни оштетувања на енергетската инфраструктура на земјата, вклучително и на гасоводи во близина на епицентарот, но не ги спомна конкретно експлозиите, пренесува Би-би-си.

Би-би-си потврди дека една од снимките е направена на периферијата на градот Хатај, 170 километри југозападно од Газиантеп, каде што бил епицентарот.

Во видеото, според Би-би-си, редовите дрвја и згради се совпаѓаат со сателитски снимки од долината Амик во близина на Хатај.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала утрово во 04:17 часот по локално време ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Втор земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Елбистан во турската провинција Кахраманмарас. Според извештаите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, вториот земјотрес се случи во 13:24 часот по локално време. Земјотресот бил на длабочина од два километри, на оддалеченост од 67 километри североисточно од Кахранманмараш.

Во земјотресите има над 1 500 загинати, а бројот на повредени е 5 383 луѓе. Од потресите 2 818 згради се урнале во Турција.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Приведен скопјанец кој е осомничен за физички напад

Следно

Јовановски за повлекувањето од преговорите со Арсовска: Не сакав да бидам пречка за договор

Latest from Blog