(ВИДЕО) По вечерашните земјотреси во Турција новинарка се расплака во јавување во живо: Се тресеше неверојатно силно

February 20, 2023
1 min read

Земјата попушташе под нашите нозе, се тресеше неверојатно силно, зборуваше новинарката во солзи

Колку вечерашните силни земјотреси на југот на Турција ги вознемирија тамошните жители и предизвикаа паника, вечерва покажа и реакцијата на новинарката на „Си-ен-ен Турција“, коja се јави да известува во живо од погодениoт регион.

Непосредно по двата земјотреси од 6,4 и 5,8 степени, новинарката Бусе Девирен во живо известуваше од камп каде што се сместени преживеани лица од разорните земјотреси пред две недели и ги пренесуваше реакциите по двата вечерашни земјотреси.

Видно вознемирена, таа не можеше да ги задржи солзите и се расплака додека известуваше.

„Земјата попушташе под нашите нозе. Се тресеше неверојатно. Беше неверојатно силен земјотрес. Не беше како афтершокови. Местото е во чад во моментов“,

рече Деривен.

Нејзината реакција можете да ја погледнете во видеото во продолжение.

Двата силни земјотреси вечерва беа регистрирани во провинцијата Хатај, која беше една од најпогодените и од разорните земјотреси на 6 февруари.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Димитров: Не е доволно Владата да каже „бараме транспарентност“, мора да испорачаат транспарентност

Следно

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: „Јубилеј 100 години Археолошки музеј“ е непостоечкиот јубилеј

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop