(ВИДЕО) Османи: Договорите со соседите не се во посебните сегменти на Преговарачката рамка со ЕУ, кој има поинакви докази – нека каже

August 24, 2023
2 mins read

Османи во ново видео-обраќање се заблагодарува на одговорите, коментарите и критиките, кои, како што вели, како виор следеа по објавувањето на презентацијата од пред 20 дена кога застанат пред зелена табла и со креда в рака ги објаснуваше структурата и содржината на Преговарачката рамка со ЕУ. Според министерот за надворешни работи ниту еден од бројните коментари не дал „опиплив аргумент“ кој ги побива аргументите што тој ги презентираше на 5 август

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во ново видео-обраќање ги повтори пораките од неговата видео-презентација од пред 20 дена, кога на зелена школска табла со креда в рака ја објаснуваше содржината и структурата на Преговарачката рамка на С Македонија со Европската Унија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во новото видео-обраќање / Фото: Принтскрин

Османи во видеото се заблагодарува на одговорите, коментарите и критиките, кои, како што вели, како виор следеа по објавувањето на презентацијата. Сепак, според министерот за надворешни работи ниту еден од бројните коментари не дал „опиплив аргумент“ кој ги побива аргументите што ги презентираше на 5 август.

„Пред 20 дена застанав пред вас со зелена табла и креда во рака за да ја поедноставам и разјаснам Преговарачката рамка со Европската Унија. Мојата намера беше да ги презентирам фактите транспаретно, надевајќи се дека секој граѓанин ќе биде информирам објективно. Пристапот можеби беше нетипичен, но суштината беше вистината и објективноста. Во текот на изминатите 20 дена видеото предизвика виор од одговори, коментари и критики. Благодарам за вашиот ангажман дури и за критиките, го ценам тоа. Тоа покажува дека сме држава на страсни поедници кои длабоко се грижат за нашата иднина. Сепак забележливо е дека имаше бројни коментари, ниту еден не даде опоплив аргумент за да ги побие фактите што ги презентирав“,

вели шефот на дипломатијата во новото видео-обраќање.

Во него тој потенцира дека основната порака останува непроменета.

„Договорите со соседите и Прегледите не се дел од посебните сегменти од Преговарачката рамка кадешто има писмено известување и гласање од страна на земјите-членки (на Европската Унија н.з.)“,

вели Османи.

Тој повторно го повика секој кој има фактички докази за да се спротивстави на неговата презентација, да исчекори.  

„Искрениот дискурс ја зајакнува нашата демократија. Го почитувам секој од вас, без разлика дали сте се согласиле со методот или не. Нашата крајна цел е посветла европска иднина за Северна Македонија и верувам дека заедно со отворен дијалог и со факти можеме тоа да го постигнем“,

порачува Османи во денешното видео-обраќање.

Целта на видео-презентацијата со школската табла и кредата в рака, како што објасни тогаш Османи беше да ги демантира сите шпекулации во однос на нејзината содржина. Во објаснувањето, тој фокусираше на позиционираноста на Договорот со Бугарија и на прегледите од член 12 од Договорот.

Тој објасни дека Преговарачката рамка се состои од два дела – општ и специјален дел и дека во општиот дел се таканаречените општи одредници од Преговарачката рамка за коишто нема писмен извештај од страна на Комисијата и за кои нема да има гласање од земјите членки, односно од Европскиот совет“,

Во специјалниот дел, како што појасни се 35-те поглавја од преговорите, кои се скалилата низ кои задолжително треба да помине државата низ пристапниот процес за да стане членка на Европската Унија.  За тие одредници, има писмен извештај од Европската комисија и има гласање од страна на земјите членки. Што значи дека евентуално нова пречка на патот може да има само во однос на овие одредници.

Она што е важно, рече тогаш шефот на дипломатијата, е дека во ниту една од одредниците, патоказите или скалилата во специјалниот дел од Преговарачката рамка нема реферци или поврзаност со Договорот со Бугарија.

Оттука, потенцираше тогаш Османи, Договорот со Бугарија и прегледите од членот 12 од него не можат да бидат пречка на патот на државата кон Европската Унија, што как, што додаде, не значи дека ние нема да го имплементираме Договорот и прегледите од член 12, бидејќи тие се потпишани и преземени се обврски.

Во ракцијата која следеше од ВМРО-ДПМНЕ на презентацијата на Османи, опозициската партија рекоа дека министерот за надворешни работи може каде сака да пишува, но тоа нема да го промени фактот дека источниот сосед отворено најавува нови и нови условувања кои имаат крајна цел однародување на Македонците.

Од опозициската партија тогаш порачаа дека министерот за надворешни работи своето време требаше да го троши на барање институционални гаранции од ЕУ дека нашите евроинтеграции нема да се претворат во вечни преговори или во подвижна цел или барем да ја прифати нивната подадена рака.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Само Украина може да ја ослободи Украина, ама за тоа требаат милиони Украинци

Следно

МНР на Северна Македонија: Со загриженост и внимание ја следиме актуелната вонредна состојба во Грција

Latest from Blog

Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател

Иницијативниот одбор за промени во Македонската кошаркарска федерација за денес закажа Вонредно собрание на кое треба да се случат промени во раководството на организацијата. Според најавите, најпрво треба да се изгласа недоверба

Бројот на убиени Палестинци во Газа достигна 52.400, израелските напади продолжуваат со несмалено темпо

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 35 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Газа во последните 24 часа, со што билансот од геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година досега

Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Разговарав со семеен пријател кој подоцна стана обвинет во „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, е обвинета дека откривала службени тајни во обвинет во „Адитив“, се огласи на јавноста. Таа кажа дека со обвинетиот имала само пријателска

Руски претставник во ОН: Подготвени сме за директни преговори со Украина

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Русија, „и покрај проблемот со легитимитетот“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е подготвена за директни преговори со Украина. Тој додаде дека
Go toTop