Видео од спасувањето на 17 годишното девојче по 248 часа

1 min read

Спасувачките екипи ја спасија 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Турција, јави агенцијата Анадолија.

На единаесеттиот ден од земјотресите, продолжуваат операциите за пребарување и спасување во овие подрачја.

Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупана под урнатините на зграда во подрачјето на Дукадироглу. По нејзиното лоцирање, спасувачите успеаја жива да ја извлечат 17-годишната Олмез која потоа е пренесена во болница.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Возачите немаат трпение: Две тепачки за неколку часа на скопските улици

Следно

Трајкоска до Ковачевски: Вие воопшто не мислите за народот, мислите само за себе и за вашиот профит

Latest from Blog