(ВИДЕО) Нов масакр во Америка: Во Калифорнија напаѓач уби 7 лица!

January 24, 2023
1 min read

Ова пукање се случи само неколку дена по убиството на 11 лица во Калифорнија, во сала за танцување во заливот Монтереј

Седум лица загинаа во две одвоени, но поврзани престрелки во близина на заливот Халф Мун, Калифорнија, објавија американските медиуми.

Напаѓачот, за кој се верува дека е вработен во транспортна компанија, пукал прво во фарма, а потоа и во локацијата на неговата компанија во околината на овој град, кој се наоѓа на околу 50 километри од Сан Франциско.

Медиумите го објавија и името на напаѓачот. Неговото име е Чунли Жао, а вработен е во транспортна компанија во заливот Халф Мун.

Објавено е и видео од неговото апсење:

Засега не e јасно како се поврзани двете престрелки, но приказната се разоткри кога едно лице повикало полиција. Напаѓачот бил фатен и без дополнителни инциденти и се предал на полицијата.

Ова пукање се случи само неколку дена по убиството на 11 лица во Калифорнија, во сала за танцување во заливот Монтереј.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Соопштение од посета на ЈП „Градски Паркинг“ на градоначалничката Арсовска 23.1.2023

Следно

Арсенал ја засили дефанзивата со Јакуб Кивиор

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop