Соопштение од посета на ЈП „Градски Паркинг“ на градоначалничката Арсовска 23.1.2023

January 23, 2023
1 min read

Денес заедно со директорот на ЈП „Градски Паркинг“, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска изврши увид во работата на претпријатието кое за минатата година бележи значителен финансиски успех, бројни проекти и активности кон обезбедување самоодржливост на претпријатието.

Според финансиските извештаи на претпријатието, истото има забележано значителни резултати со речиси двојно зголемување на приходите во четвртиот квартал од 2022 година, споредбено со годината претходно.

ЈП „Градски Паркинг“ во изминатата година како реализација на мерките од програмата За модерно Скопје, ги намали цените за паркинг услугите на зонските паркиралишта во градот за 25 отсто, а едновремено го консолидираше финансиското работење и ги зголеми платите на вработените.

Фокусот останува подобрена безбедност во сообраќајот преку отстранување на возила кои ги блокираат пешачките и велосипедски патеки, како и грижа за животната средина, со превенција на паркирање врз зелени површини.

За оваа година, ЈП „Градски Паркинг“ планира да обезбеди 1,350 нови паркинг места, како и да започне со проект за изградба на монтажни паркиралишта.

Започнуваме со имплементација на проектот за целосна дигитализација на паркиралиштата, кој е во пилот фаза. Активно се чистат, реконструираат и обележуваат сите паркиралишта во градот Скопје, а со акцијата за редовно одржување на инфраструктурата и капацитетите на ЈП „Градски паркинг“ продолжуваме во континуитет.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Динамо потврди: Адеми има понуда за нов договор

Следно

(ВИДЕО) Нов масакр во Америка: Во Калифорнија напаѓач уби 7 лица!

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop