(ВИДЕО) Лула ги посети демолираните институции во Бразилија и повика да се казнат „неофашистите“ што упаднаа во Конгресот

January 9, 2023
3 mins read

Лула не беше во Бразилија во моментот на нападот, но тој одржа говор обвинувајќи го Болсонаро за хаосот и вети дека секој вмешан ќе биде казнет

Болсонаро одговори на настаните во неделата со кратка низа објави на социјалните мрежи во кои вели дека инвазијата на јавните згради ја преминала границата. Тој не ја осуди толпата и наместо тоа го обвини Лула дека тој е одговорен

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја посети демолираната претседателска палата откако ултрадесничарски екстремисти, една недела по неговата инаугурација, вчера насилно упаднаа во институциите во главниот град на земјата Бразилија во, како што е оценето, неуспешен обид да ја соборат демократски избраната влада на Лула.

Масовниот напад од приврзаниците на експретседателот Жаир Болсонаро беше веднаш спореден со упадот во американскиот Капитол на 6 јануари од страна на следбениците на Доналд Трамп во 2021 година.

Лула не беше во Бразилија во моментот на нападот, но тој одржа говор обвинувајќи го Болсонаро за хаосот и вети дека секој вмешан ќе биде казнет.

Нарекувајќи ги оние што учествуваа во нападите „вандали, неофашисти и фанатици“, Лула нареди федерална интервенција во главниот град, ставајќи ја полицијата под контрола на централната влада.

„Она на што сме сведоци е терористички напад“,

објави водителот на вести Ерик Бенг на телевизиската мрежа „Глобо њуз“ во моментот кога се прошири веста за насилството и обидот за пуч.

Поранешниот судија на Врховниот суд на Бразил, Марко Аурелио Мело, за весникот „О Глобо“ изјави дека она што се случуваше во Бразилија вчера вечерта било многу полошо од она што се случи во Капитол, пренесува британски „Гардијан“.

Шокантните видео снимки сведочеа како милитантите поддржувачи на Болсонаро ги вандализираат претседателските канцеларии, талкаат по ходниците на зградата и дивеат во зградата бразилскиот Врховен суд, чии прозорци беа искршени.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат пожари кои горат внатре во зградата на конгресот. Мебелот беше кршен и фрлан наоколу, а наводно биле украдени предмети во претседателската палата и во Врховниот суд.

 „Тие фрлаат столови низ прозорците. Тие ги уништуваат јавните згради “,

рече по малку збунет коментаторот на „Глобо њуз“, Елиан Кантанхеде.

Лула, ветеран левичар, положи заклетва како нов претседател на Бразил минатата недела на прославата на која присуствуваа стотици илјади Бразилци.

Но, илјадници про-Болсонаро екстремисти одбија да ја прифатат тесната победа на Лула на изборите во октомври, поминувајќи ги последните недели кампувајќи надвор од армиските бази низ целата земја и повикувајќи на воен удар.

Болсонаро, екстремно десничарски поранешен армиски капетан чиј главен меѓународен сојузник беше Трамп, го напушти Бразил во пресрет на инаугурацијата на Лула и моментално се наоѓа на Флорида. Тој одговори на настаните во неделата со кратка низа објави на социјалните мрежи во кои вели дека инвазијата на јавните згради ја преминала границата.

„Мирните демонстрации, во рамките на законот, се дел од демократијата. Сепак, грабежите и инвазиите на јавни згради како оние што се случија денес, како и оние што ги практикуваше левицата во 2013 и 2017 година, се исклучок од правилото“,

напиша Болсонаро на Твитер.

Болсонаро не ја осуди толпата и наместо тоа го обвини Лула дека тој е одговорен.

„Во текот на мојот мандат секогаш се држев до четирите линии на Уставот, почитувајќи ги и бранејќи ги законите, демократијата, транспарентноста и нашата света слобода. Дополнително, ги отфрлам неоснованите обвинувања што ми ги припишува актуелниот шеф на извршната власт во Бразил“,

вели Болсонаро.

Воената полиција во Бразилија беше видлива по нивното отсуство во неделата додека толпите маршираа кон трите објектите на трите главни институции на власта.

Во неделата вечерта, судијата на Врховниот суд Александре де Мораес нареди Ибанеис Роча, про-Болсонаро гувернер на федералниот округ, каде што се наоѓа Бразилија, да биде сменет од функцијата на 90 дена поради тоа што властите не успеаја да го спречат нападот.

Де Мораес напиша дека нападите „можеа да се случат само со прифаќање, па дури и директно учество на органите за јавна безбедност и разузнавање“.

Лула рече дека органите на главниот град за спроведување на законот покажале „неспособност, лоша волја или злоба“ и вети брза акција.

По насилниот упад, вчера доцна попладне властите повторно ја презедоа контролата врз некои од зградите, а полицијата соопшти дека се уапсени 300 луѓе. Телевизиските снимки покажаа десетици луѓе со лисици на рацете  како лежат на земја, надгледувани од службениците за спроведување на законот.

Одговорот на Лула дојде неколку часа откако толпата поддржувачи на Болсонаро маршираше на 8 километри од штабот на армијата во Бразилија кон Врховниот суд, претседателската палата и Конгресот.

Милитантите – многумина носејќи го жолто-зеленото бразилско знаме кое стана симбол на екстремно десничарското движење на Болсонаро – ги пробиле полициските линии околу 15 часот и се упатиле кон рампата што води во конгресната зграда.

Набргу откако друг истакнат сојузник на Лула, Андре Јанонес, сподели снимка на која се гледаат голем број радикали во просторот на Паласио до Планалто, претседателските канцеларии каде се одржа минатонеделната церемонија на инаугурација.

Набљудувачите поминаа месеци предупредувајќи дека тврдокорните поддржувачи на Болсонаро би можеле да изведат јужноамериканска верзија на „инвазијата“ на Капитол на САД со надеж дека ќе ја поништат победата на Лула.

Неделите пред инаугурацијата на Лула на 1 јануари може да се забележат јасни сигнали за можно насилство во преземањето на власта во Бразил од страна на Лула. насилството што требаше да дојде.

На 13 декември, ултрадесничари се обидоа да упаднат во седиштето на федералната полиција во Бразилија, палејќи автобуси и автомобили додека се движеа низ градот. Непосредно пред Божиќ, уште еден приврзаник на екстремистичкиот Болсонаро беше уапсен и, наводно, признал за постоење на заговор за бомбардирање на аеродромот во Бразилија во обид да предизвика превирања што би можеле да оправдаат воен удар.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарија: Зголемување од 52 отсто на цените на храната за една година

Следно

Пропадна и вториот обид за формирање влада на Бугарија: Денков од Продолжуваме со промените му го врати мандатот на Радев

Latest from Blog

Мисајловски-Валандер: Македонско-американските билатерални одбранбени односи се рефлексија на стратешкото партнерство и сојузништво кое постои помеѓу нашите две земји

На маргините на министерскиот состанок на САД- Јадранската повелба, министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска оствари средба со помошничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, Селест Валандер. -Македонско-американските

Јужнокорејската влада понуди колективна оставка

Владата на Јужна Кореја понуди колективна оставка поради политичката криза предизвикана од одлуката на претседателот Јун Сук Јеол да воведе вонредна состојба, соопштија денеска официјални лица. На состанокот свикан од премиерот Хан

Сообраќајот се одвива во зимски услови, појава на магла на планинскиот превој Буково и крак Маврово-Маврови анови

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. ЈП Македонијапат информира дека сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничувања. Намалена видливост поради

Индира Кастратовиќ влегува во Куќата на славните на ЕХФ

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Индира Кастратовиќ, доби место во Куќата на славните, како второ ракометно име од Македонија, по Кирил Лазаров. Влезот во елитното друштво официјално ќе се случи на 14 декември,
Go toTop