(ВИДЕО) Гостин во ресторан уби разбојник во Тексас кој држел пластичен пиштол

January 9, 2023
1 min read

Гостинот испукал најмалку девет куршуми кон разбојникот и го напуштил местото пред да пристигне полицијата. Педро Лопез, сопственикот на ресторанот, тврди дека тој и неговите вработени се уште се во шок. Останатите гости на ресторанот исто така го напуштиле местото пред да пристигне полицијата

Полицијата во Тексас започна голема потера по гостин во ресторан во Хјустон кој уби разбојник, а потоа им помогна на другите ограбени да си ги соберат парите. Инцидентот е снимен од надзорните камери во ресторанот Ранчито #4 Такерија во југозападниот дел на Хјустон, а на видеото се гледа како маж извади пиштол и почнал да пука во разбојникот.

Полицијата подоцна открила дека разбојникот влегол во ресторанот со пластичен пиштол. Полицијата преку соопштение за медиумите наведува дека не поднела пријава против човекот кој го убил разбојникот, но нагласуваат дека сакаат да разговараат со него за „неговата улога во пукањето“, пишува Гардијан.

Поручникот Вилкенс рече дека осомничениот за грабеж имал околу 20 години и носел црна ски-маска и црни ракавици за време на грабежот. Откако влегол во ресторанот, разбојникот вперил оружје кон гостите и им ги побарал паричниците и парите. На видеото се гледа како еден од гостите посегнува по нешто, а потоа вади оружје додека осомничениот оди кон излезот.

Гостинот испукал најмалку девет куршуми кон разбојникот и го напуштил местото пред да пристигне полицијата. Педро Лопез, сопственикот на ресторанот, тврди дека тој и неговите вработени се уште се во шок. Останатите гости на ресторанот исто така го напуштиле местото пред да пристигне полицијата.

„Сите го напуштиле ресторанот, освен сопственикот и вработените. Ќе беше одлично да се вратат на местото на настанот и да разговараат со нас или да се јават во одделението за убиства. Треба да ни дадат изјави, особено лицето кое пукаше и се оддалечи“,

додаде Вилкенс.

Законот во Тексас дозволува некој да се брани ако верува дека неговиот живот е во опасност, иако границата помеѓу самоодбрана и употребата на непотребна сила може да биде прилично нејасна.

Томас Никсон, поранешен полицаец во Хјустон, сега адвокат, објасни за КПРЦ ТВ дека гостинот ги има своите права според законите во Тексас.

„Лицето кое го застрела беше во процес на извршување грабеж и затоа неговата употреба на сила во одбрана на себе и на невините трети лица е целосно оправдана. Имал разумен страв од сериозни телесни повреди или смрт“,

рече Никсон.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поддржувачите на Болсонаро дивееја со часови, 400 уапсени – се огласи и тој

Следно

Хависто: Нуклеарно оружје нама да биде поставено во Финска

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop