(ВИДЕО) Еруптираше голем вулкан во Русија: облакот од пепел се прошири на повеќе од 70 километри

1 min read

Локалните власти ги затворија училиштата и им наредија на жителите на околните села да останат во затворени простории бидејќи облакот од пепел може да се прошири на десетици километри околу вулканот

Вулканот Шивелуч на полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија еруптираше рано денеска, исфрлајќи облак од пепел висок 10 километри, што претставува зголемена закана за воздушниот сообраќај, соопшти Тимот за одговор на вулканска ерупција на Камчатка (КВЕРТ).

Тимот издаде црвен аларм истакнувајќи дека „голем облак од пепел“ патува западно од вулканот и дека во секое време може да се случи експлозија со исфрлање на пепел во висина до 15 километри.

„Тековната активност може да влијае на меѓународните летови и авионите што летаат на пониски височини“,

се вели во извештајот.

Локалните власти ги затворија училиштата и им наредија на жителите на околните села да останат во затворени простории бидејќи облакот од пепел може да се прошири на десетици километри околу вулканот. Еден од најголемите и најактивните вулкани во Камчатка, Шивелуч имал околу 60 значајни ерупции во последните 10 000 години, а последната голема ерупција се случила во 2007 година.

Како што соопштија локалните власти, вулканот еруптирал во 6:31 часот по локално време, а облакот се проширил во селата оддалечени повеќе од 70 километри. На жителите им се препорачува да останат дома и да избегнуваат непотребни патувања.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Бен Чилвел го продолжи договорот со Челси до 2027 година

Следно

Стејт департмент: Новинарот на „Волстрит џурнал“ неправедно приведен во Русија

Latest from Blog