Вести од маргините на 2022

3 mins read

Дневната температура на Месечината е доволна да зоврие вода, а ноќите се толку ладни да не можеш да заспиеш на некоја клупа. Ама, постои најмалку едно место на нејзината површина каде владеат пријатни 17 степени. 

Змиите имаа клиторис.

Научниците не го знаат потеклото на вирусот во вакцината за мали сипаници.  

Скиселеното млеко најчесто е безбедно за пиење.

Најчесто употребуваната фраза на Фејсбук во земјите каде се зборува француски е „Имај убав ден“

На повеќето луѓе со дијабетес, инсулинот не треба да им биде ни прво, ни второ па ни трето решение.  

Непознат е лимиот од колку високо мачка треба да падне за да настрада. 

После одредена температура, од прилика 35 степени, вентилаторите прават повеќе беља отколку аир.

Потребни се најмалку седум години за да се засилат мускулите и тетивите за да се стане јак во буткање на рака.

Првиот електричен Хамер, тежи колку возило на Брза помош а забрзува како Формула 1 болид. 

Клукајдрвците имаат мали мозоци, и затоа можат да удираат толку силно со глава без да се повредат. 

Уред со големина на тостер во роверот на Марс, може да го конвертира тамошниот воздух кој речиси комплетно е составен од CO2, во нешто што би можеле да го дишиме. 

Кражбата на папагали е честа појава. 

Интолерацијата на лактоза не е нова работа а луѓе илјадници години повраќале зашто не можеле да сварат млечни производи. 

Металот од кој се прават ситните американски монети веќе долго вреди повеќе од самите монети. 

Ајфонот остана единствениот производ на Епл што не поддржува стандарден USB-C кабел

Најстарата школка живеела 507 години. 

Зборот sure, што на англиски значи „сигурно“ и денес се изговара „шр“, порано се изговарал „шјоор“

Некои од првите хит-видеа на Јутуб, биле рачно бирани од уредници, кои бирале видеа за насловната страна на платформата.

Во 1918, Калифорнија регрутирала деца во еднонеделна војна против верверички

Екстремната топлина и притисок на егзо-планетата WASP-96b, оддалечена 1.150 светлосни години од земјата, може да испари камен како што водата испарува на земјата, и да го претвори во облак од песок. 

Епл има извадено 38 различни модели на Ајфон од 2007. 

Агрокултурната револуција е мит. 

Хипоалергени кучиња, односно такви што не прават алергија, се исто така мит. 

Очите на ирвасите менуваат боја – од сина во златна и обратно – два пати во годината, за да се прилагодат на условите на Арктикот. 

Половина од светската популација ќе биде кусовида до 2050-та. 

Во обидот систематски да се тргнат порничи од интернет, со автоматско детектирање на репетитивни звуци, тргнати се и еден куп видеа од тениски натпревари. 

Некои минерали во батериите за повеќекратна употреба можат да се рециклираат до бескрај. 

Пасивното пушење во САД убива 41.000 луѓе годишно.

Постои светско првенство во Ексел, и се пренесува ESPN3.

Прстените по кои е препознатлив Сатурн ќе ги снема за околу 300 милиони години. 

Ама па од друга страна, и Нептун има прстени. 

Поларните мечки на југоисточен Гренланд, не се номади како повеќето други, туку чмаат во место. 

Ниту најдобриот шахист на светот повеќе не може да го победи компјутерот. Магнус Карлсен има 98% шанси да изгуби а 2% да извлече нерешено против моментално најсовршената шаховска апликација. 

Во 1975-та, просечна пиљара во САД нудела 65 различни вида овошје и зеленчук а во 1998-ма, тој просек изнесувал дури 345.  

Октоподите знаат да поминат и неколку години без јадење. 

Кафето робуста, чиј вкус се опишува како „мешавина од нешто труло и сулфур“, во суштина е вкусно

Постои такво нешто како реформиран паразит. 

Во Worlde, една точна буква на точно место и една точна буква на погрешно место, елиминираат 96% од можните решенија. 

Малишаните пораснати во доба на ковид-мерки, можеби ќе имаат различни микробиоми од тие родени неколку години претходно, и не се знае дали е тоа добро или лошо. 

Психоделичните супстанци ја смируваат мрежата во мозокот што е најактивна кога се фокусираме на себе. 

Само 10 % какао во содржината на еден производ, се доволни Федералната агенција за храна и лекови да го смета за чоколаден.

Оние што чкрипат со заби додека спијат, понекогаш стискаат со притисок од 113 килограми. 

Во 2021, 95 од 100-те најгледани телевизиски настани во САД биле спортски

Постои една терапија за луѓе под стрес која се наплаќа стотици долари на час, а се состои од тоа да гушкаш крава.

Мажјаците-пајаци од видот црна вдовица, додека се парат, сами ѝ рипаат на женката во уста и дозволуваат да бидат изедени. Тоа се вика неповторлив секс. 

90% проценти од луѓето се сеќаваат дека барем еднаш се имаат „видено од страна“, како да гледаат лик на филм. 

Канцелариите се направени да бидат неефикасни.

Еко-свесни архитектонски студија во Сенегал ја тераат државата да се врати на градење со кал. 

Стаорците може да научат да играат жмурка, и забавно им е .

Трансплантација на бубрег на мачка чини 15.000 долари.

Аполо 11 ќе остане на Месечината милиони години затоа што нема ни ветер ни вода за леталото да кородира

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ на 12 и 13 јануари

Следно

Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

Latest from Blog