Урсула фон дер Лајен: Не постои строг распоред за пристапување на Украина во ЕУ

February 3, 2023
1 min read

Не постои строг распоред за пристапување на Украина во Европската унија, а земјата се уште треба да исполни некои барања на патот кон членство во ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по средбата во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украина ќе прави напори секој ден да напредува на својот пат кон членство во ЕУ“, рече Зеленски.

„Нашата цел е апсолутно јасна: да започнеме преговори за пристапување на Украина. Нема да изгубиме ниту еден ден во нашата работа за приближување на Украина кон ЕУ“, нагласи Зеленски на Телеграм.

„Украина е Европската унија, а Европската унија е Украина“, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Киев по состанокот посветен на пристапувањето на земјата во ЕУ.

„Иднината на Украина е во Европската унија“, категоричен беше Мишел на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен и Зеленски.

Со санкциите на Европската унија против Русија мора да се осигура дека таа нема да може да го обнови својот воен потенцијал, изјави и украинскиот претседател.

Фон дер Лајен истакна дека следната група санкции на ЕУ против Русија ќе бидат насочени кон компонентите потребни за производство на беспилотни летала што руските вооружени сили ги користат во Украина.

Дополнително, „Европската унија ќе направи дополнителни напори да ги искористи замрзнатите руски средства за обнова на Украина“, се вели во заедничката изјава на Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, објавена по нивната средба со Володимир Зеленски.

Украинскиот лидер рече дека украинските сили ќе го бранат градот Бахмут што е можно подолго и го повика Западот да го снабдува Киев со ракети со голем дострел.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инцидент во Скопје: Прво го нападнал со тврд предмет, па му го оштетил возилото

Следно

Спасовски: На сите најавени делегации ќе им биде овозможено да се поклонат пред гробот на Делчев, повикувам на достоинствено чествување без транспаренти и туѓи знамиња

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop