Унгарскиот парламент ја поддржа кандидатурата на Финска за членство во НАТО

March 27, 2023
1 min read

Унгарската влада неколку пати го одложуваше гласањето во парламентот, додека речиси сите други членки на Алијансата ја ратификуваа кандидатурата на Финска

По неколку месеци одложување, парламентот на Унгарија денеска ја поддржа кандидатурата на Финска за членство во НАТО. За одобрување на кандидатурата гласаа 182 пратеници, а шест се изјаснија „против“.

Унгарската влада неколку пати го одложуваше гласањето, додека речиси сите други членки на Алијансата ја ратификуваа кандидатурата на Финска.

Поддршката од Унгарија ја носи оваа нордиска земја чекор поблиску дп полноправно членство во НАТО.

Прифаќањето на нова земја бара едногласност на сите земји членки, а од 30-те членки на Алијансата, сега се чека само Турција да ги ратификува договорите за влез на Шведска и Финска во НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе го започне процесот на ратификација на кандидатурата на Финска за членство во НАТО во парламентот, откако земјата презеде конкретни чекори за исполнување на своите ветувања.

Додаде и дека Турција ќе ги продолжи разговорите со Шведска, а дека ратификувањето на нејзината кандидатура за членство во НАТО директно ќе зависи од мерките што ќе ги преземе.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО непосредно по почетокот на руската инвазија на Украина, но особено Шведска се соочи со неочекувани приговори од Турција. Анкара го обвинува Стокхолм дека засолнува, како што вели, членови на терористички групи и бара нивна екстрадиција како чекор кон давање зелено светло на Шведска за членство во НАТО.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Фирмата со 27 „перманентно вработени“ инженери во надзорот над „Бехтел и Енка“ има само двајца вработени според годишната сметка за 2022 г.

Следно

Миовски: Среќен сум за добрата форма, само преку минутажа во клубовите може да се наметнеме во репрезентацијата

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop