Украинец се самозапалил пред украинскиот конзулат во Краков

April 13, 2023
1 min read

Полицаец од блиската патрола со помош на случајни минувачи успеал да го изгасне пожарот на оделото на Украинецот, а брзата помош го пренела во болница каде што лекарите процениле дека е во тешка состојба поради изгореници и дека неговиот животот бил во опасност

Украински бегалци чекаат ред пред Генералниот конзулат на Украина во Краков, Полска, Фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski POLAND OUT

Повозрасен Украинец, во знак на протест, денеска се самозапалил пред украинскиот конзулат во Краков, Полска. Тој им викал на своите сонародници во редот пред зградата да се вратат во татковината и да се борат против Русија, јавија полските медиуми.

„Околу осум часот наутро, 63-годишен маж стоел во ред пред украинскиот конзулат во Краков, кога одеднаш почнал да вика нешто на украински. Во еден момент извадил тегла со запалива течност, се полил со неа, ја запалил и почнал да бега“,

изјавил портпаролот на полицијата во Краков, Пјотр Шпиех, за полската телевизија Полсат.

Полицаец од блиската патрола со помош на случајни минувачи успеал да го изгасне пожарот на оделото на Украинецот, а брзата помош го пренела во болница каде што лекарите процениле дека е во тешка состојба поради изгореници и дека неговиот живот бил во опасност, јави полското радио РМФ ФМ.

Според податоците на полската гранична стража, од нападот на Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година, 11 милиони украински бегалци ја преминале полската граница, додека 9,35 милиони се вратиле во земјата преку Полска.

Според податоците доставени од Полска до УНХЦР, 1,5 милиони украински воени бегалци, главно жени и деца, добиле привремено засолниште и државна помош во Полска.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Општина Петровец подели 95 хуманитарни пакети

Следно

Париз подготвено ќе ги дочека Олимписките игри 2024

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop