Општина Петровец подели 95 хуманитарни пакети

1 min read

По повод претстојниот и најголем христијански празник Велигден, Општина Петровец организираше хуманитарна акција за социјално-најранливата категорија на граѓани.

На оваа категорија на лица беа поделени 95 хуманитарни пакети во сите населени места на територијата на општината.

Градоначалникот Боче Митевски заедно со претставниците од Советот на Општина Петровец посетија голем број на семејства и им поделија хуманитарни пакети со храна , за да можат достоинствено и скромно празничните денови да ги поминат со своите најблиски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Протечени документи сугерираат на неубеденост на САД дека Украина брзо ќе ја победи Русија

Следно

Украинец се самозапалил пред украинскиот конзулат во Краков

Latest from Blog