Украина наскоро може да остане без муниција за противвоздушна одбрана, сугерираат протечените документи на Пентагон

April 10, 2023
2 mins read

Украинските системи „Бук“, на кои се потпира противвоздушната одбрана заедно со С-300, би можеле да наидат на проблеми до средината на април, објави „Њујорк тајмс“, а противвоздушната одбрана што ги штити војниците на фронтот може да биде „целосно намалена“ до 23 мај

Додека американските власти се обидуваат да го откријат изворот на протекување на доверливите документи, дел од нив кои датираат од февруари оваа година сугерираат дека украинската противвоздушна одбрана може да остане без проектили и муниција во рок од неколку недели, пишуваат „Гардијан“ и Ројтерс.

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Еден од документите, со датум од 23 февруари и со степен на класификација „доверливо“, детално прикажува дека украинските системи за воздушна одбрана С-300 од советската ера ќе бидат исцрпени до 2 мај, доколку се продолжи со сегашното темпо на употреба. Засега нема информации дали стапката на користење оттогаш се променила.

Автентичноста на документите на Пентагон не е потврдена. Во соопштение од вчера Пентагон рече дека ја разгледува валидноста на фотографираните документи кои „се чини дека содржат чувствителен и високо доверлив материјал“.

Украинските системи „Бук“, на кои се потпира противвоздушната одбрана заедно со С-300 во битката со руските напади од воздух, би можеле да наидат на проблеми до средината на април, објави „Њујорк тајмс“, а противвоздушната одбрана која ги штити војниците на фронтот може да биде „целосно намалена“ до 23 мај.

Руските борбени авиони и бомбардери со тоа ќе добијат поголема можност за напад на украинските сили, што би било голем предизвик за Киев, пишува „Тајмс“ цитирајќи високи воени претставници.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили, полковникот Јуриј Игнат, не ги коментира конкретно информациите содржани во документите, но за „Волстрит џурнал„ изјави дека Украина се соочува со сериозни предизвици во пронаоѓањето на советската муниција за нејзиниот клучни противвоздушни системи С-300 и „Бук“.

„Ако ја изгубиме битката за небото, последиците за Украина ќе бидат многу сериозни“,

изјави тој за весникот.

Тој ги повика западните сојузници да ја забрзаат својата помош порачувајќи:

„Ова не е време за одложување“.

Инаку, според некои американски официјални претставници, очигледното протекување доверливи документи на Пентагон можеби е од американски извор.

„Сега фокусот е на тоа дека протекувањето е од внатре во САД, бидејќи многу од документите беа само во рацете на САД“,

изјави Мајкл Малрој, поранешен висок функционер на Пентагон, во интервју за Ројтерс.

Официјални лица велат дека широчината на темите опфатени во документите, кои се однесуваат на војната во Украина, Кина, Блискиот Исток и Африка, сугерираат дека тие можеби биле објавени од американски извор, а не од некоја сојузничка земја.

Американските власти соопштија дека истрагата е во рана фаза и дека оние што ја водат не ја отфрлаат можноста дека проруски елементи стојат зад протекувањето, што се смета за едно од најсериозните безбедносни нарушувања откако во 2013 година повеќе од 700 000 документи, видеа и дипломатски телеграми се појавија на веб-страницата на Викиликс.

Руската амбасада во Вашингтон и официјален Кремљ засега не одговорија на барањата за коментар упатени до нив.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Двајца крадци фатени на дело, краделе од куќа во Скопје

Следно

Маск на Твитер: Тесла отвора мегафабрика во Кина

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop