Двајца крадци фатени на дело, краделе од куќа во Скопје

1 min read

Двајца скопјани вчера се уапсени од страна на полицијата бидејќи биле затекнати при кражба од куќа.

На 09.04.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.Ј.(23) и А.А.(29), двајцата од Скопје. Тие биле затекнати при извршување кражба во куќа на ул. „Фјодор Достоевски“, при што одзеле повеќе предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од полицијата. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Турскиот гигант Аселсан започна со извоз на антидрон-системот ИХТАР

Следно

Украина наскоро може да остане без муниција за противвоздушна одбрана, сугерираат протечените документи на Пентагон

Latest from Blog