Учениците се враќаат во училиштето „Владислав Рибникар“ – наместо настава ќе има разговори со психолози

May 10, 2023
1 min read

Оние ученици кои сакаат, денес можат да започнат со училиште но оставено е родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се сите подготвени, пренесуваат српските медиуми. Во училиштето поканети се да дојдат и родителите со своите деца кои на овој прв ден по несреќата ќе имаат два часа кои ќе ги поминат со одделенските раководители

ФОТО: Принтскрин

Една недела по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, учениците се враќаат во училниците. Наместо редовна настава, на децата ќе им се обезбеди поддршка и отворен разговор. Наставата ќе започне кога учениците и наставниците ќе проценат дека е дојдено време.

Оние ученици кои сакаат, денес можат да започнат со училиште но оставено е родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се сите подготвени, пренесуваат српските медиуми. Во училиштето поканети се да дојдат и родителите со своите деца кои на овој прв ден по несреќата ќе имаат два часа кои ќе ги поминат со одделенските раководители.

Активностите ќе бидат прилагодени на потребите, а децата, родителите и наставниците ќе можат да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка.

Вчера, како што пренесува РТС, во училиштето се одржале два состаноци на членовите на Советот на родители и на крајот била донесена одлука да се усвои препораката на Министерството за образование, психолозите и експертите и децата да се вратат на својата рутина.

Денеска, како и претходните два дена, вратите на училиштето се отворени од утрото за продолжен престој на учениците од прво до четврто одделение.

На влезот од училиштето има полицајци, додека на страна стојат инспектори во цивилна облека.

За утре предвидено е учениците да имаат еден час повеќе од денес, а потоа да има родителски средби. Родителите треба да се информираат за плановите за следната недела. На нив работат претставници од надлежните министерства, наставници, родители и психолози.

Училиштето ги отвора вратите една недела по трагедијата кога 13-годишно момче изврши масакр и  уби осум соученици и чувар, а повреди уште шест деца и еден наставник.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Модриќ за полуфиналето со Сити: Уште ништо не е решено

Следно

Тунис: Тројца загинаа, 9 повредени во нападот извршен врз синагога

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop