Тунис: Тројца загинаа, 9 повредени во нападот извршен врз синагога

May 10, 2023
1 min read

ТУНИС (АА) – Три лица загинаа, а девет се повредени во оружениот напад извршен врз синагогата „Гарибе“ што се наоѓа на тунискиот остров Џерба, пренесува Анадолу.

Министерството за внатрешни работи на Тунис објави писмено соопштение во врска со нападот извршен во Џерба.

Во ова соопштение се истакнува дека лицето кое го извршило овој напад било припадник на обезбедувањето.

„Три лица загинаа, од кои двајца посетители и еден полицаец, за време на судирот што настана по интервенцијата на безбедносните сили додека напаѓачот се движел кон синагогата „Гарибе“ откако го убил својот колега за да добие муниција со цел да изврши напад“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се вели дека напаѓачот бил убиен за време на судирот со полицијата, а во случајот се повредени 9 лица, од кои 5 припадници на безбедносните сили, кои биле пренесени во околните болници.

Во тек беа активностите за аџилак во синагогата „Гарибе“ што беше посетена од илјадници лица поради периодот за аџилак на Евреите.

– Евреите на островот Џерба –

На островот Џерба што има површина од околу 500 километри и бил домаќин на различни цивилизации, како грчката, римската и други цивилизации, покрај најстарата синагога во Африка, се наоѓаат и 366 џамии и месџиди.

Овој остров ги носи белезите на различни цивилизации, а на него се наоѓаат историски кули и подземни месџиди што биле изградени од муслиманите против опасностите што би дошле од морето.

Населението на островот брои 160.000 жители, меѓу кои и околу 1.200 туниски Евреи.

Островот е именуван со различни имиња од муслиманите и Евреите, како „Остров на џамии“, „Остров на синагога“, „Остров Ел Гарибе“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Учениците се враќаат во училиштето „Владислав Рибникар“ – наместо настава ќе има разговори со психолози

Следно

Маж упаднал во сиропиталиште, убил девојче, повредил девет лица: Хорор во Полска

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop