Турското беспилотно летало „Бајрактар Акинџи“ успешно тестираше истрелување суперсонична ракета

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турското борбено беспилотно летало „Бајрактар Акинџи“, произведено од турската одбранбена компанија „Бајкар“, успешно тестираше истрелување на ракетата ИХА-230, која може да погоди цели на оддалеченост до 140 километри, јавува Анадолу.

Пробното истрелување на ракетата, прва турска суперсонична ракета воздух-земја, развиена од турскиот гигант од одбранбената индустрија, Рокетсан, беше успешно завршенo, објави „Бајкар“ преку соопштение.

Ракетата истрелана од „Бајрактар Акинџи“ на полигонот во Синоп, со директен удар погоди точка на Црно Море оддалечена 140 километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Априлијада во Скопје

Следно

ОН: Разорните земјотреси во Туркије оштетија 20 отсто од производството на храна

Latest from Blog