Турските сили неутрализираа пет терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи во северен Ирак и Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.

„Двајца терористи на ПКК откриени во регионот Кандил во северен Ирак и тројца терористи на ПКК/ЈПГ во регионите (на операциите) ‘Штитот на Еуфрат’ и ‘Маслинова гранка’ во северна Сирија се неутрализирани од нашите Турски вооружени сили“, соопшти Министерството на Х.

Се додава дека турската војска „продолжува херојски и несебично да се бори“.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Британскиот премиер Стармер: Потребен е итен и дефинитивен прекин на огнот во Газа

Следно

Обилни дождови предизвикаа свлечишта и евакуација во два швајцарски региони

Latest from Blog