Турскиот претседател Ердоган наскоро ќе објави различни проекти од одбранбената индустрија

March 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека наскоро ќе објави различни проекти кои дополнително ќе ја зголемат силата на турската Армија на копно, воздух и море, јавува Анадолу.

„Ние сме во фаза на правење нашите проекти од одбранбената индустрија, што ги извршуваме со внимание, трудољубивост и решителност, да ги надополнат нашите политички и економски сили“, истакна Ердоган на ифтарската вечера во Анкара со бригадата за хуманитарна помош на турската Армија.

Ердоган нагласи дека турската Армија пишува историја со своите успеси „од безбедноста на границите до напорите во борбата против тероризмот, од меѓународните мисии до активностите за хуманитарна помош“, и ги обновува регионите погодени од земјотресот во согласност со реалноста во регионот.

На 6 февруари, земјотреси со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Над 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу луѓе во северна Сирија.

„Обезбедивме 3,3 милиони семејства со безбедни и мирни домови со нашите проекти за урбана трансформација и уште 1,2 милиони семејства со куќи на ТОКИ (Управата за развој на домувањето во земјата). Во исто време ги реновираме нашите јавни згради на планиран начин“, додаде турскиот претседател.

Ердоган понатаму потсети на политичките и хуманитарните закани околу Туркије, нагласувајќи дека „политичките кризи, конфликтите, војните, тензиите“ никогаш не отсуствуваат и дека директно влијаат на регионот во кој е лоцирана Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Де ла Фуенте стана првиот шпански тренер од 1991 година кој го загубил дебито на гостински терен

Следно

Арсовска во увид на реконструкцијата на „Рузвелтова“

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop