Турскиот парламент го одобри влезот на Финска во НАТО

1 min read

Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификува членството на Финска

Турскиот парламент синоќа ја ратификува одлуката со која ѝ се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот за Хелсинки да ѝ се приклучи на Алијансата во време на беснеење на војната во Украина, објави Ројтерс.

Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификува членството на Финска, откако унгарскиот законодавен дом го стори тоа претходно оваа недела.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно месецов изјави дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција по преземањето конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористички и за ослободување на извозот на воена стока.

Финска и Шведска минатата година поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз како одговор на руската инвазија врз Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија. Парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки. Турција, од друга страна, сè уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Дениелс

Следно

Столтенберг ја поздрави ратификацијата од турскиот Парламент на приклучувањето на Финска кон НАТО

Latest from Blog