Турски МИТ во Сирија ја неутрализираше т.н. одговорна за финансии на терористичката организација ПКК/ЈПГ

May 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) во Сирија ја неутрализираше Туба Каракоч, т.н. одговорна за финансиските активности на терористичката организација ПКК/ЈПГ за подрачјето на Кобани (Ајн ал-Араб), пренесува Анадолу.

Безбедносни извори потврдија дека Каракоч, која го користела кодното име „Зин Кобани/Џуди Егид/Сорксвин“, во терористичката организација пристапила во 2013 година, учествувајќи во терористички активности во Туркије, Ирак и Сирија.

Каракоч учествувала во подготовките на терористичките напади во Туркије, а поради нејзините задолженија за финансии во рамките на терористичката структура, се движела и на релацијата Сирија – Ирак.

Како резултат на активното следење од страна на турската разузнавачка структура, со успешна операција Каракоч е неутрализирана во сирискиот регион Сирин/Ајн Иса.

Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК на територијата на Туркије, но и во северните делови на соседните Ирак и Сирија.

Анкара во 2016 година спроведе три успешни големи антитерористички операции преку границите, на територијата на Сирија со цел да се спречи формирање терористички коридор, и на раселените да им се овозможи мирно да се вратат во своите домови.

„Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имињата на операциите во кои од терористичка окупација во северните делови на Сирија е ослободено пошироко подрачје покрај пограничниот појас со Туркије.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Имам добро чувство пред реваншот со Сити

Следно

Поројните дождови предизвикаа поплави во Италија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop