Турски МИТ неутрализира баран терорист на ПКК во Северен Ирак

1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба (МИТ) денес неутрализираа висок припадник на терористичката организација ПКК во Северен Ирак, кој се наоѓа на листата на турското Министерство за внатрешни работи за барани терористи, соопштија безбедносни извори, јавува Анадолу.

Фехми Огмен, со кодно име Синан Дијвар, е неутрализиран во антитерористичка операција во руралната област на покраината Сулејманије, истакнаа изворите.

Во операцијата се неутрализирани и двајца други терористи поврзани со Огмен, таканаречен офицер на баталјон Мехмет Салих Чакал, со кодно име Мазлум Кочер, и нивниот возач Ахмед Мухамед Али, со кодно име Арарат Толхилдан.

Откако се вклучува во терористичката организација во 1993 година, Огмен со години спроведува терористички активности во Туркије и во странство.

Терористите на ПКК се кријат во Северен Ирак, во близина на јужната граница на Туркије, за да планираат напади на турска територија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

(ФОТО) Пратеничка стана првата жена во Италија која доеше бебе за време на гласање на седница

Следно

Њујорк се соочува со незапаметено загадување на воздухот поради шумските пожари во Канада

Latest from Blog