(ФОТО) Пратеничка стана првата жена во Италија која доеше бебе за време на гласање на седница

June 8, 2023
1 min read

Од денеска па натаму, вели пратеничката, ако највисоката италијанска институција им дозволува на вработените да дојат на своите работни места, тогаш на ниту една друга жена, во која било професија, не може да ѝ се одземе тоа право

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Пратеничката во италијанскиот парламент Гилда Спортијело, која се бореше на жените да им биде дозволено да дојат бебе за време на седница, стана првата која го направи тоа.

Таа го доеше нејзиниот двомесечен син вчера на седница во парламентот на Италија додека траеше гласањето за еден од законите од дневниот ред. За тоа, добила аплауз од присутните во салата.

Како што потсетува „Асошиејтед прес“, во претходниот парламентарен состав таа се залагаше да се усвои правилник според кој ќе им се овозможи на пратеничките да учествуваат во гласање и дебати додека дојат бебиња кои се помали од една година.

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

И таа и таткото на бебето, Рикардо Рикарди, се пратеници од редовите на популистичкото Движење Пет ѕвезди.

Весникот „Република“ пренесува дека Спортијело рекла оти се надева дека нејзиниот пионерски чекор ќе ги инспирира работодавците во Италија да им овозможат на вработените мајки ако сакаат, да ги дојдат своите бебиња на работното место.

Од денеска па натаму, вели пратеничката, ако највисоката италијанска институција им дозволува на вработените да дојат на своите работни места, тогаш на ниту една друга жена, во која било професија, не може да ѝ се одземе тоа право.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Русија предупреди дека испорачувањето нуклеарно оружје на Украина ќе доведе до глобален колапс

Следно

Турски МИТ неутрализира баран терорист на ПКК во Северен Ирак

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop