Турски МИТ на северот на Сирија неутрализира уште еден од челниците на терористичката организација ПКК

1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба (МИТ) изврши успешна операција во Ајн ал Араб во Северна Сирија и го неутрализира Сабри Абдула, висок терорист на ПКК/ЈПГ, кој повикуваше на напади во турските градови, јавува Анадолу.

Станува збор за терорист што го користеше и кодното име „Мазлум Карамок“, кој е ранет во операцијата на МИТ во 2018 година, а терористите на ПКК ја лажираа неговата смрт. Тој остана на врвот на таа терористичка организација и заедно со Фехман Хусеин, познат и како „Бахоз Ердал“, организираше напади врз припадници на МИТ.

Припадниците на МИТ го лоцираа терористот Абдула и го неутрализираа во сириски Ајн ал Араб.

Тој раководел со подготовки на терористички напади и бил задолжен за разузнавачките активности и „чистка“ на неистомислениците во рамките на терористичката мрежа ПКК.

Абдула е член на ПКК од 2010 година и има користено неколку кодни имиња за потребите на терористичките активности во Туркије и во Северна Сирија.

Токму Абдула беше терористот што даваше инструкции за терористичките напади во големите турски градови, а не одговараше ниту за обвинувањата за силување жена во Сирија што потоа изврши самоубиство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Резерватот за птици Арес во турски Игдир: Прстенувани 170.000 птици што мигрираат меѓу Африка и Русија

Следно

Едно лице тешко повредено во тешка сообраќајка кај Ржаничино

Latest from Blog