Турската полиција приведе 14 странци во рамките на операција против терористичката ДЕАШ во Анкара

1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 14 странски државјани се приведени во операција што утринава ја започнаа турските безбедносни сили во Анкара во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Операцијата е спроведена како резултат на работата што ја спроведуваат антитерористичките и разузнавачките оддели при Полициската управа на Анкара.

Акцијата е покрената за приведување на 17 осомничени странски државјани за кои е утврдено дека биле во контакт со терористите на ДЕАШ во зоните на судири.

За време на истовремената акција и рациите на повеќе локации низ Анкара, досега се приведени 14 осомничени.

По криминалистичката процедура, приведените ќе бидат предадени на Дирекцијата за миграции за нивна депортација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Сопственикот на Ал-Наср направи шоу: Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој знае само да рече „Сиуу“! (ВИДЕО)

Следно

Пакистан: Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз џамија се искачи на 93

Latest from Blog