Пакистан: Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз џамија се искачи на 93

1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз џамијата во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва за време на молитва, се зголеми на 93, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на телевизискиот канал „Џео њуз“, во тек се операциите за пребарување и спасување започнати вчера по нападот.

Властите соопштија дека бројот на жртви пораснал на 93, и дека во тек е лекувањето на околу 221 повреден.

Нападот е извршен во 13:00 часот по локално време, а напаѓачот се наоѓал во првите редови при молитвата во џамијата кога ја активирал бомбата.

Власите на покраината Хајбер Пахтунхва соопштија дека е прогласена еднодневна жалост во покраината.

Гувернерот на Хајбер Пахтунхва, Гулам Али, истакна дека по спроведената истрага, ќе се открие како терористот влегол во џамијата со бомба.

Началникот на полицијата на Пешавер, Иџаз Кан, рече дека по експлозијата се срушил кровот на џамијата и дека продолжуваат со операциите за спасување на лицата кои се заглавени под урнатините.

– Пораст на терористичките напади –

Во последниот период е забележан пораст на нападите на Техреек-е-Талибан Пакистан (ТТП).

ТТП на 28 ноември 2022 година преку социјалните мрежи соопшти дека ставен е крај на примирјето кое беше на сила со администрацијата на Исламабад од 10 мај 2022 година, и дека на своите припадници дал наредба за извршување на напади врз безбедносните сили во земјата.

Пакистан го смета Техреек-е-Талибан Пакистан за терористичка организација.

Според податоците споделени од тинк-тенкот Центар за безбедносни студии и истражувања (CRSS) со седиште во Исламабад, во 506 терористички напади извршени во 2022 година загинале 601 лице, од кои 290 безбедносни сили и 311 цивили, додека повредени се 741 лице.

Поголемиот дел од нападите биле извршени во пограничните подрачја меѓу Авганистан и Пакистан. Одговорноста за поголемиот дел од овие напади е преземена од различни групи, како ТТП, Ослободителна организација на Белуџистан (БЛА) и ДЕАШ-Х.

Терористичките напади во 2022 година во Пакистан забележаа пораст од 15 отсто во споредба со претходната година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Турската полиција приведе 14 странци во рамките на операција против терористичката ДЕАШ во Анкара

Следно

Стефковски: Времето на СДСМ во Гази Баба е завршено

Latest from Blog