Туркије: Пречекувањето на терористите на ПКК/ЈПГ „фрла сенка врз угледот на францускиот Сенат“

March 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Францускиот Сенат го наруши својот углед откако ги пречека терористите на ПКК/ЈПГ и „им додели орден на честа“, посочи денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

„Пречекувањето на претставниците на крвавата терористичка организација ПКК/ЈПГ во Парламентот на членката на НАТО, Франција, фрла сенка врз нејзината респектабилност“, истакна Министерството.

Реакцијата на Министерството е објавена по еден ден откако турското Министерство за надворешни работи го повика францускиот амбасадор Ерве Магро остро да го осуди ваквиот чин.

„Нападите на ПКК/ПЈД/ЈПГ и т.н. СДГ („Сириски демократски сили“) против Туркије и Сиријците, како и нивните сепаратистички и дестабилизирачки активности во регионот, го привлекоа вниманието на Магро“, соопштија турски дипломатски извори.

„Овој потег е против духот на сојузот и, исто така, ја поништува борбата на НАТО против тероризмот“, соопшти Министерството, додавајќи дека турските сили ќе ја продолжат својата борба против сите терористички организации.

Анкара очекува француските власти да не ги поддржуваат напорите кои обезбедуваат меѓународен легитимитет на ограноците на терористичката организација ПКК во Сирија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обвинителството на Ислам Абази отвори предмет за надзорот на „Бехтел и Енка“

Следно

Белгиската полиција приведе 8 лица во антитерористички акции

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop