Туркије: Петчлено семејство спасено од под урнатините 80 часа по земјотресот

February 9, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Петчлено семејство е спасено од под урнатините на срушена петкатница во Искендерун во областа Хатај, 80 часа по земјотресите кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Припадници на спасувачките тимови, вложувајќи големи напори, успеаја од под урнатините прво да ја извлечат мајката Вефа Абурас од Сирија, а потоа нејзините деца Зехра (12), Ахмет (9) и Васим (6) и нејзиниот сопруг Хасан.

Членовите на петчленото семејство, дочекани со аплауз од насобраните, на носилки се префрлени до возилата на Итната помош и транспортирани до болница.

„Најмалку 14.351 лице загинаа, а 63.794 се повредени во двата силни земјотреси што во понеделникот ја потресоа јужна Туркије“, изјави денеска турскиот потпретседател Фуат Октај.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската област Кахраманмараш, ги почувствуваа 13 милиони луѓе во 10 турски области, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стефковски на средба со турскиот амбасадор: Сочувствуваме со турскиот народ

Следно

500.000 денари помош од Општина Центар за Турција и Сирија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop