500.000 денари помош од Општина Центар за Турција и Сирија

February 9, 2023
1 min read

На вонредната седница на Советот на Општина Центар беше донесена одлука да се доделат 500.000 денари за населението од подрачјата кои беа погодени од земјотресите во Турција и Сирија.

Градоначалникот Горан Герасимовски кажа дека средствата ќе бидат донирани на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и овие средства ќе бидат доделени во знак на хуманост и солидарност.

– Сакам јавно да апелирам до сите граѓани да се мобилизираме и да се вклучиме со донации за помош и поддршка за настраданите, бидејќи секоја помош е неопходна и значајна. Седницата ја започнавме со едноминутно молчење и заедно со советниците и колегите изразивме сочувство за настраданите и нивните семејства во Република Турција и Сирија, напиша Герасимовски на Фејсбук.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Петчлено семејство спасено од под урнатините 80 часа по земјотресот

Следно

ЧУДО ВО ТУРЦИЈА: Во разурнатата црква, овие две статуи ОСТАНАА ЦЕЛИ (ФОТО)

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop