Туркије и Албанија потпишаа 4 договори за соработка

1 min read

ТИРАНА (АА) – Туркије и Албанија потпишаа четири договори во областа на соработката, комуникациите, образованието и земјоделството, јавува Анадолу.

Пред одржувањето на заедничката прес-конференција, во присуство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама беа потпишани договорите меѓу двете земји.

Претседателот Ердоган и албанскиот премиер Рама потпишаа Заедничка декларација за продлабочување на стратешкото партнерство кое е воспоставено со формирањето на Советот за соработка на високо ниво меѓу Владата на Република Туркије и Владата на Република Албанија.

Меморандумот за соработка во областа на односите со јавноста и комуникацијата меѓу Туркије и Албанија беше потпишан од страна на директорот за комуникации во Кабинетот на претседателот, Фахретин Алтун, и генералниот директор на Агенцијата за медиуми и информации на Република Албанија, Алтео Хуси.

Декларацијата за намера за соработка меѓу Министерството за земјоделство и шумарство на Република Туркије и Министерството за земјоделство и рурален развој на Република Албанија што се однесува на соработката во областа на земјоделското осигурување поддржано од државата го потпишаа турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли и министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија Анила Денај.

Протоколот меѓу Министерството за образование и спорт на Република Албанија и Претседателството на Советот за високо образование на Република Туркије со кој Техничкиот универзитет Истанбул ќе отвори академски филијали и програми во Албанија го потпишаа претседателот на Советот за високо образование, проф. д-р Ерол Озвар, и министерката за образование и спорт на Република Албанија, Огерта Манастирли.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Најмалку 28 убиени Палестинци во израелски напад врз училиште каде се засолнети раселените жители на Газа

Следно

Средба Тошковски – Дачиќ: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона

Latest from Blog