Македонските мировници во Либан по нападот на израелската војска се неповредени и безбедни

October 10, 2024
1 min read

По нападот на израелската војска на позициите што ги користат мировниците на Обединетите нации во Либан, македонските мировници се неповредени и безбедни. Од Министерството за одбрана потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека тројцата македонски мировници во Либан се добро.

„Во контакт сме со нашите мировници, кои се стационирани во различни бази“, кажаа од Министерството.

Мисијата на УНИФИЛ објави дека двајца нејзини мировници од Индонезија се повредени кога израелски тенк пукал кон караула во главното седиште на силите во Рас ал-Накура. Притоа била погодена кулата и мировниците паднале.

Извор од Обединетите нации кажа за „Ројтерс“ дека во изминатите 24 часа имало уште два вакви напада, во кои немало жртви.

„Секој намерен напад врз мировниците е грубо кршење на меѓународното хуманитарно право. Во контакт сме со израелската војска“, објави УНИФИЛ.

Внатрешните сили на ОН во Либан моментално имаат околу 10.000 мировници од 50 држави.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија убедлива во Рига, прво место во групата на половина од натпреварувањето

Следно

Сиљановска Давкова: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop