Тупанчевски: Разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции не значи дека работата е завршена

January 18, 2023
2 mins read

Министерот за правда Никола Тупанчевски вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири.

-На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски, нагласи Тупанчевски.

На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчевски тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата.

Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, вели дека тоа не е исклучено бидејќи се разгледуваат сите опции.

-Досега е оваа фаза, треба да видиме навистина веројатно ретки се случаите кога имаме ваква реакција зборувам општествена кога станува збор за вакви настани. Колкава е одговорноста, дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го покаже истрагата. Се разбира во вакви ситуации понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт, вели тој.

Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи.

-Станува збор за промптно реагирање од страна на Управата за извршување санкции, со спроведувањето на вонредниот стручен надзор. Тоа значеше суспендирање на сите, првично што изгледа дека се вклучени во однос на овој немил настан. Втора рабора која исто така треба да се подвлече е дека, во меѓувреме, за истите тие лица веќе е одредена мерка притвор и тие се суспендирани од своите работни места, вели министерот за правда.

Трета работа или сегмент, додава Тупанчевски, што е комплементарен на претходните е дека е распишана меѓународна потерница од страна на МВР за лицето кое е во бегство. И четврта работа, треба да се посочи дека и органите на прогонот, вклучително и ОЈО за организиран криминал, учествуваат во откривањето на сите докази што се поврзани за овој настан.

-Така што ако ги земете овие неколку сегменти, реакцијата е иницијална, меѓутоа тоа не значи дека тука ќе застане, во однос на оваа општетсвена реакција, затоа што очекувањата се дека овој кривично-правен настан има и одредени работи што допрва треба да се истражуваат, подвлече министерот Тупанчевски.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СТОЛТЕНБЕРГ ОД ДАВОС: Ако утре сакаме мирно решение со преговори со Русија, денеска мора да испратиме повеќе оружје во Украина

Следно

Исчезна уште еден човек во Македонија: Семејството со апел за помош

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop