Црногорците на 19 март ќе гласаат на претседателските избори

January 16, 2023
1 min read

Објаснувајќи зошто го избрала тој датум, претседателката на црногорскиот парламент рече дека во април следуваат големи верски празници на трите најбројни конфесии во Црна Гора, поради што 19 март би бил најсоодветен датум за одржување на изборите

Претседателката на црногорскиот парламент, Данијела Ѓуровиќ ги распиша претседателските избори во земјата за 19 март 2023 г.

„Претседателот на Собранието е овластен и должен да распише избори за претседател на Црна Гора најдоцна 120 дена пред истекот на мандатот на претседателот на Црна Гора“,

рече Ѓуровиќ.

Актуелниот мандат на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, започна на 20 мај 2018 година, кога тој положи заклетва пред пратениците во парламнетот на Црна Гора.

Данијела Ѓуровиќ, претседателка на парламентот на Црна Гора/Фото: Википедија

Објаснувајќи зошто го избрала тој датум, Ѓуровиќ рече дека во април следуваат големи верски празници на трите најбројни конфесии во Црна Гора, поради што 19 март би бил најсоодветен датум за одржување на изборите.

„Имајќи ја предвид можноста ниту еден од потенцијалните кандидати на претседателските избори да не победи во првиот круг, требаше да се земе предвид фактот дека вториот круг од изборите се одржува по 14 дена, што повторно не би било соодветно, доколку се случи за време на верските празници“,

изјави Ѓуровиќ.

За да може кандидатот да победи во првиот круг на претседателските избори, треба да освои над 50 отсто од гласовите. Доколку тоа не се случи, во вториот круг ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најголем број гласови.

Претседателот на Црна Гора се избира на пет години.

Пред Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора беше Филип Вујановиќ и тоа во три мандати, од 2003 до 2018 година.

Пред Вујановиќ, претседател беше Мило Ѓукановиќ. Тој на изборите во октомври 1997 година го победи Момир Булатовиќ, а функцијата ја извршуваше до ноември 2002 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Опасно е ако не си „наш“ или „нивен“

Следно

УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари

Latest from Blog

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични

Уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа е уапсен вечерва. Како што дознаваме неофицијално, Стафа бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра. Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву
Go toTop