УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари

January 16, 2023
1 min read

По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот минатата година се искачи на 86, наспроти 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, соопшти денеска организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО.

Повеќе од половина од убиствата се случиле во Јужна Америка и на Карибите, додека најголем дел новинари биле убиени во Мексико, а потоа во Украина и Хаити.

„Властите мора да ги удвојат своите напори за да ги запрат овие злосторства и да се погрижат напаѓачите да бидат казнети, бидејќи рамнодушноста е голем фактор во оваа клима на насилство“, рече генералниот секретар на УНЕСКО, Одри Азулај.

Бројот на убиени медиумски работници опадна во периодот од 2018 до 2021 година, а сега повторно е во пораст. Половина од новинарите не се убиени на должност, туку додека патувале или во биле во своите домови, соопшти УНЕСКО.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Црногорците на 19 март ќе гласаат на претседателските избори

Следно

Лупевска распали по премиерот: Ковачевски ја загрозува безбедноста на вработените во Телма

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop