Триесетина украински деца кои насилно биле одведени во Русија беа вратени во Украина

1 min read

Невладината организација „Спасете ја Украина“ на социјалните мрежи објави дека денеска 31 дете се вратени во Украина откако биле однесени во Русија од Харков и од регионот Херсон на почетокот на руската инвазија врз Украина.

Според информациите од невладината организација, децата со своите патни торби ја поминале границата пешки, придружувани од своите родинини, по што се качиле во автобусот за да го продолжат патувањето. Првиот човек на организацијата Микола Кулеба ги пофали мајките кои дошле во потрага по нивните деца и кажа дека оваа мисија е најтешката која организацијата ја имала досега. Според проценките на украинските власти, од почетокот на инвазијата, над 16 000 украински деца се киднапирани и однесени во Русија, но Москва ги негира овие тврдења т.е велат дека тие ги спасувале децата со тоа што ги изнесувале од зоната на конфликтот, и подготвувале план да ги вратат кај нивните семејства.

Токму поради сомнение за незаконско депортирање на украински малолетници од Украина, Меѓународниот кривичен суд пред неколку недели издаде налог за апсење на рускиот претседател Владмир Путин и на рускиот комесар за деца, Марија Лвова-Бјелова.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Елмас: Мајка ми не ми даваше да гледам фудбал, морав прво се да научам

Следно

Барселона ги прекина преговорите со Дембеле

Latest from Blog