Барселона ги прекина преговорите со Дембеле

1 min read

Разговорите меѓу каталонскиот гигант Барселона и Усман Дембеле за новиот договор се прекинати. Напаѓачот е врзан за тимот уште само една сезона, има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Барселона поради тешката финансиска ситуација, не е во можност да му понуди повисока плата на Дембеле. Ова е очекувано, но не било добро прифатено од претставниците на фудбалерот, и поради тоа процесот е во мирување.

Токму од тука можно е Дембеле да се најде на трансфер листата на лето. Ова се темели дополнително со желбата на Барселона да го врати и Лионел Меси во Каталонија, па токму од тука можно е Барса да се откаже од неколку фудбалери, а еден од нив е токму Дембеле.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Триесетина украински деца кои насилно биле одведени во Русија беа вратени во Украина

Следно

Цените на горивата паднаа, билетите во меѓуградскиот автобуски превоз поскапеа

Latest from Blog