Одговарајќи на прашање за неговата изјава дека „помошта е на пат кон Иран“, американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека луѓето ќе мора сами да откријат за што станува збор.
„Ќе мора сами да откриете. Жал ми е“, рече Трамп, како што објави Ројтерс. Трамп претходно им порача на демонстрантите во Иран да продолжат да протестираат и дека помошта е на пат. „Ирански патриоти продолжуваат да протестираат – преземете ја власта над вашите институции. Запомнете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со ирански претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстранти. Помошта доаѓа. MIGA (Направете го Иран повторно голем). Претседател Доналд Џ. Трамп“, објави тој на својата социјална мрежа Truth.
Порано денес, двајца неименувани извори од Министерството за одбрана на САД изјавија дека Трамп е свесен за широк спектар на воени и тајни опции што би можеле да се користат против Иран, вклучително и мерки надвор од конвенционалните воздушни напади.
Извор: tv21


