Државната новинска агенција Синхуа објави дека лидерите „размениле мислења за важни меѓународни и регионални прашања“, а војната во Украина исто така била на дневен ред.

Во текот на разговорите Кина одлучила да ги обнови лиценците за стотици американски извозници на говедско месо .
Кина ги обнови извозните лиценци на стотици американски фабрики за преработка на говедско месо, што се толкува како гест на добра волја додека лидерите на двете земји се среќаваат во Пекинг.
Царинските податоци покажуваат дека овој потег доаѓа во време кога Доналд Трамп и Си Џинпинг разговараат за трговските односи, објави Ројтерс.
Во текот на изминатата година, повеќе од 400 американски фабрики за преработка на говедско месо, што е околу 65 проценти од сите претходно лиценцирани, го изгубија правото на извоз. Нивните дозволи, издадени од Пекинг помеѓу март 2020 и април 2021 година, се истечени и не се рутински обновени.
Се очекува земјоделството да игра голема улога во секој трговски договор, а обновувањето на дозволите е првиот официјален знак за можни елементи на конечен договор што се обликуваат за време на разговорите меѓу Трамп и Си
. „Ова е Кина што покажува добра волја во области што не се клучни за нејзините трговски односи со Соединетите Американски Држави“, рече Сју Хонгжи, виш аналитичар во „Пекинг Ориент Агробизнис Консалтс“.
Извор: vecer.mk

