Топлотен бран и прашина од Сахара доаѓаат неделава

1 min read

Температурите ќе растат следната недела ширум земјата и метеоролозите предвидуваат и до 40 степени на некои места. 

„До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40 степени“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Оттаму додаваат дека во попладневните часови, особено утре, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Истовремено, се очекува прашина од Сахара во вторник и среда. Жешкиот бран, за кој не се знае до кога ќе трае, доаѓа од Алжир, Тунис и Либија во северна Африка.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Парламентарни избори во ЕУ земјите

Следно

Мбапе го пропушти тренингот на Франција поради болки во грбот

Latest from Blog