Тилев за МИА: Преговарачката рамка е исклучително тешко да се промени

1 min read

Преговарачката рамка е исклучително тешко да се промени. Промена на Преговарачка рамка до сега не се случила. Преговарачките рамки за Србија и за Северна Македонија не се исти.

Во случајот на Србија не станува збор за промена на Преговарачката рамка, туку само на ЕУ преговарачката позиција за Поглавјето 35, изјави за МИА Драган Тилев, државен советник за европски прашања и координација во Секретаријат за европски прашања (СЕП).

– Промена на Преговарачка рамка до сега не се случила. Имено, за да се промени Преговарачката рамка треба постапката да се иницира во рамките на Советот на ЕУ, да добие согласност од сите 27 земји членки, и на крајот да биде усвоена од страна на сите земји членки. Од тука, промена на Преговарачката рамка е можна исклучиво по истиот пат по кој е и донесена, вели Тилев за МИА.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Следно

ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ, ЌЕ СЕ СНИМА ПРОДОЛЖЕНИЕ НА АВСТРАЛИСКИОТ ФИЛМ „АВАНТУРИТЕ НА ПРИСИЛА, ПУСТИНСКАТА КРАЛИЦА“

Latest from Blog