Тикток препорачува порносодржини на детски профили

October 3, 2025
1 min read

Алгоритамот на Тикток препорачува порнографија и високо сексуализирана содржина на детските профили. Тоа се наведува во новиот извештај на истражувачите од групата за кампањата „Глобален сведок“ (Global Witness) за човекови права.

Како што објави Би-би-си, истражувачите кон крајот на јули и почетокот на август оваа година создале лажни профили, преправајќи се дека се 13-годишници и ги активирале безбедносните поставки. Тие користеле лажни датуми на раѓање и не било побарано да дадат никакви други податоци за да го потврдат својот идентитет. И, сепак, добивале предлози за пребарување, коишто сами по себе пренасочувале кон сексуализирани материјали, на пример, експлицитни видеа со вистински секс. Испитувачите наидоа на овој проблем додека спроведувале други истражувања.

Платформата за видеа извести дека е посветена на безбедноста и искуства – соодветни за возраста, па презеле итни мерки откако дознале за проблемот, велат оттаму.

Ава Ли од „Глобал витнес“ рече дека наодите се „огромен шок“ за истражувачите. – Тикток не само што не успева да ги спречи децата да пристапат до несоодветна содржина – туку им ја предлага веднаш штом ќе креираат профил, вели таа.

Испитувачите, велат, го вклучиле и „ограничениот режим“ на платформата, за којшто Тикток, се тврди, спречува корисниците да гледаат „возрасни или сложени теми“, како што е сексуално сугестивната содржина.

„Глобал витнес“ е кампања којашто вообичаено истражува како современата технологија влијае на дискусиите за човековите права, демократијата и климатските промени. Без да направат никакви пребарувања сами, истражувачите открија дека претерано сексуализирани термини за пребарување се препорачуваат во делот „Можеби ќе ви се допадне“ на апликацијата. Овие пребарувања доведоа до снимки со жени кои симулираат мастурбација. Натаму, други видеа прикажуваа жени кои ја покажуваат својата долна облека на јавни места или ги откриваат своите гради, како и експлицитни порнофилмови со пенетративен секс.

Истражувачите го информираа Тикток, којшто возврати дека презел итни мерки за решавање на проблемот.

„Има повеќе од 50 функции дизајнирани да ги заштитат тинејџерите. Целосно сме посветени на обезбедување безбедни искуства соодветни на возраста“, соопшти компанијата.

Тие посочуваат дека се отстрануваат девет од 10 видеа што ги прекршуваат прописите пред да бидат пуштени за преглед.

На 25 јули оваа година, стапија во сила Детските кодекси од Законот за кибербезбедност, наметнувајќи законска обврска за заштита на децата во дигиталниот свет. Платформите сега мора да користат „високо ефикасна гаранција за возраста“ за да спречат пристап на децата до порнографија. Тие, исто така, мора да ги прилагодат своите алгоритми за да блокираат содржина што поттикнува самоповредување, самоубиство или нарушувања во исхраната.

– Сите се согласуваат дека треба да ги заштитиме децата онлајн… Сега е време регулаторите да се вмешаат, рече Ава Ли.

Истражувачите спровеле два истражувачки проекта – пред и откако Детските кодекси стапија во сила. Откако по вторпат бевме информирани за пропустите, презедовме „мерки за отстранување содржина што ги крши нашите политики, како и за подобрувања на нашата функција за предлози за пребарување“, соопштија од компанијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Следно

Ѓорѓиевски: Заедно со младите кон подобро Скопје

Latest from Blog

Омерагиќ со нова улога во УЕФА за инфраструктурни и едукативни проекти

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, доби голема чест и одговорност со неговото именување за член на HatTrick комисијата на УЕФА, едно од клучните тела во европскиот фудбал. Комисијата

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком со најголем промет на редовниот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 3 октомври 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,10%, достигнувајќи ниво од 10.257,10

Меџити: Пензионерите добиваат нов простор за активен живот во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Вреди, Изет Меџити, денеска по посетата на Здружението на пензионери порача дека грижата за највозрасните граѓани е врвен приоритет во неговата програма. „Посетата

Извлечен е автомобилот, кој слета во Јадранското море – се удавија две жени и двајца мажи од Малта

Две жени и двајца мажи загинаа на местото на несреќата. Нивниот идентитет сè уште не е познат, но се претпоставува дека се странци бидејќи го изнајмиле автомобилот на аеродромот во Загреб. Попладнево

Екс-стратегот на Милан најверојатно ќе биде нов тренер на Бензема и Канте

Португалскиот тренер Серхио Консеисао е блиску до преземање на Ал-Итихад, според Фабрицио Романо. 50-годишниот Португалец веќе постигнал усмен договор со саудискиот клуб, каде што играат играчи како Карим Бензема и Н’Голо Канте.
Go toTop