Омерагиќ со нова улога во УЕФА за инфраструктурни и едукативни проекти

October 3, 2025
1 min read

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, доби голема чест и одговорност со неговото именување за член на HatTrick комисијата на УЕФА, едно од клучните тела во европскиот фудбал. Комисијата одлучува за инфраструктурни проекти и едукативни програми за националните фудбалски асоцијации.

Омерагиќ се заблагодари на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, и на Извршниот комитет за довербата. Тој истакна дека во важен период за македонскиот фудбал ќе се посвети на претставување на Македонија во комисијата, особено во делот за инфраструктурни проекти, со цел да влијае на бројни процеси и активности поврзани со работата на националните асоцијации.

„Ова е голема чест и одговорност за мене, а со посветеност ќе се трудам да го претставувам македонскиот фудбал на највисоко ниво,“ изјави Омерагиќ.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком со најголем промет на редовниот пазар

Следно

Премиерот Мицкоски оствари средба со српскиот премиер Мацут

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop