Тело на бебе пронајдено во депонија

1 min read

Тело на бебе е пронајдено денеска на депонија во Љубљана, а околностите за смртта на детето се уште се истражуваат, јавуваат словенечките медиуми.

Полицијата во Љубљана попладнето била информирана за останките на бебето пронајдени во месноста Шишка.

Според информациите кои ги објави порталот 24ur, бебето било подолго време мртво.

Како што пишува порталот, бебето наводно било пронајдено завиткано во пешкир.

– Криминалистичката полиција изврши увид и продолжува со интензивна истрага, како и со утврдување на сите околности на смртта. За наодите биле известени дежурниот истражен судија и државниот обвинител, потврди словенечкото обвинителство, пренесува порталот.

Извор: kurir.mk

Претходно

Голем шумски пожар на Беласица

Следно

Следната недела постудено време, еве какви температури најавуваат метеоролозите

Latest from Blog