Карлос Алкарас тешко дишел и веднаш морал да си замине од тренингот

November 13, 2024
1 min read

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас издржа само пет минути на денешниот тренинг. Алкарас се појавил на теренот во Торино за да го одржи тренингот, но само по пет минути се соочил со здравствени проболеми и тренингот бил прекинат.

Шпанецот веднаш седнал на клупата, а околу него се собрал целиот негов тим. Тенисерот се пожалил на проблеми со дишењето, а имал и болки во градите.

Алкарас се поздравил со својот спаринг-партнер Мартин и со наведната глава си заминал. Тренерот на Алкарас, Хуан Карлос Фереро, објаснил што се случило и која е причината за прекинатиот тренинг.

„Се пожали дека тешко дише и дека го стегаат градите. Мислам дека нема да биде толку сериозно за утре да не може да настапи“, рече Фереро, кој додаде дека Карлос во последните четири дена бил болен и користел антибиотик.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Циркус на денот: Ковачки како бодигард на Христовски

Следно

Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ

Latest from Blog

Започнува Винодонија 2024 – најпрестижниот вински настан во Македонија!

Уште само неколку часа остануваат од почетокот на Винодонија 2024, најпрестижниот вински настан во Македонија, кој и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Салонот ќе се одржи во хотел

Сиљановска Давкова со обраќање на одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Земјоделскиот институт- Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свеченоста по повод одбележувањето 80 години од основањето на Земјоделскиот институт при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. -Замислете пространо поле, преполно со надеж

Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак изјави во интервју емитувано доцна синоќа дека Киев се уште не е подготвен да започне преговори со Русија бидејќи нема оружје, безбедносни
Go toTop